Адвокатот на Григориј Родченков, поранешен вработен во рускиот антидопинг центар кој ја разобличи шемата за допинг на руски спортисти на Москва, вели дека неговиот клиент нема можност да пристапи до базата на податоци на московската лабараторија.
Адвокатот Џим Волден оцени дека обвиненијата на Истражниот комитет на Русија против Родченков се фарса.
-Тој не можел и не влегол во базата ЛИМС. Не знаеме дали некој друг можел да влезе во системот. Сето тоа изгледа како фарса, изјави Волден за американските медиуми.
Родченков се наоѓа во САД и е под американска програма за лица со заштитен идентитет, откако во 2015 и 2016 година ја разобличи шемаат организирана од властите во Русија за допинг на руски спортисти во повеќе спортски категории и на повеќе меѓународни натпреварување.
Светската антидопинг агенција (ВАДА) неодамна ја казни Русија со рестрикции за учеството на руски спортисти на меѓународни натпревари како Олимписки игри и светски и европски фудбалски првенства, и забрана да организира или да аплицира за организација на истите во тој рок.
Рускиот антидопинг ценар е исто така ставен под санцкии од ВАДА.