Верижен судир на 35 возила во Вирџинија

Триесет и пет возила учествувале во верижен судир на автопат во Вирџинија.

Повредени се повеќе луѓе, а како што јавуваат локалните медиуми, меѓу нив има и потешко повредени.

Сообраќајката се случила во 7 и 50 часот по локално време на мостот Квинс Крик, во близина на историскиот град Вилијамсбург.

До несреќата дошло во услови на магла и лизгав пат. Некои од возилата биле многу оштетени, па спасувачките екипи имале потешкотии при вадење на повредените.

Две лица се во животна опасност.

Треба да знаете
Последни објави