(Видео) Михајловиќ нападнат од свој играч

Фудбалерите на Болоња го победија Лече со 3:2, но за време на мечот дојде до немил инцидент меѓу тренерот Синиша Михајловиќ и фудбалерот на неговата екипа, Гери Медел.

Михајловиќ неодамна се врати од болница по лекувањето од леукемија, по што рече дека е излекуван.

https://streamable.com/pxk4p

Сепак, тоа не му пречело на „Питбулот“ како што е прекарот на чилеанскиот репрезентативец да го нападне тренерот. Чилеанецот претходно се скарал со еден играч на Лече, но Михајловиќ притрчал за да ја смири ситуацијата. Тогаш Медел се сврте кон српскиот тренер и почнал да го навредува. Другите играчи притрчале и ги раздвоиле Михајловиќ и Медел да се пресметаат физички.

Треба да знаете
Последни објави