ВМРО ДПМНЕ: Бледите соопштенија на СДСМ нема да го намалат поразот

Празните и бледи соопштенија на СДСМ нема да го намалат поразот на Зоран Заев на 12-ти април. Штетните политики на Заев, криминалите, тендерите, рекетарството нема да се сокријат со скапо платени реклами од џебот на граѓаните.
Штетата што ја направи оваа криминална власт за три години е како за триста. Одговорност за тоа ќе има на 12-ти април.
Новата влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ  за граѓаните на Република Македонија ќе донесе правда, принципи, промена и обнова.
По 12-ти април Македонија ќе го врати ударот кон сите кои удираа по нејзе. Обновата доаѓа, е  реакција на опозициската партија на соопштението од СДСМ кое се однесуваше на интервјуто на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави