Поради неповолните временски услови, повеќето од попладневните летови на националната авиокомпанија Монтенегро Ерлајнс ќе бидат одложени, особено кога станува збор за дестинациите во Југоисточна Европа, соопшти црногорската авиокомпанија.
„Со оглед на најавата за неповолни метео услови, а почитувајќи ги строгите процедури за безбедност и сигурност, можно е одложување на летови во наредните 24 часа”, велат од компанијата.
Според црногорскиот портал ЦдМ, по стабилизирањето на временските услови, сите летови ќе се реализираат според утврдениот распоред за летови.