Годишна конвенција на Достоинство

Достоинство денеска ќе одржи годишна конвенција на која ќе го изнесе својот став за некои од актуелните случувања на македонската политичка сцена.

Конвенцијата ќе се оджи од 12 до 14 часот во хотелот Александар Палас, а како што објави на својот Фејсбук профил, претседателот на партијата Стојанче Ангелов ќе се говори за повеќе теми меѓу кои за македонскиот јазик, но и за наградувањето на правото за користење на албанскиот, за промените на изборниот модел, за бенефитите од влезот во НАТО и ЕУ…

Ангелов објави пет точки за кои ќе стане збор на конвенцијата на Достоинство:

1) Ние сме Македонци кои зборуваат на македонски јазик, идентитетот и јазикот не смеат да бидат предмет на било какви преговори со било кого.

2) Го почитуваме и поздравуваме надградувањето на правото на користење на албанскиот јазик но тоа никако не смее да биде надвор од границите зацртани во мислењето на Венецијанската комисија.

3) Промена на изборниот модел – Македонија една изборна единица без долен праг.

4) Бенефит од влезот во НАТО и датумот за преговори со ЕУ.

5) Најмногу ќе се задржиме на статусот, проблемите и правата на бранителите и на членовите на нивните семејства. Воедно ќе најавиме неколку иницијативи и конкретни мерки како што се иницијативи за одликување на тројца починати армиски и полициски генерали, воени инвалиди и бранители од 2001-та, денот на освојување на тетовското Кале (25 март 2001-та) да биде определен како “Ден на македонските бранители”, обесштетување на 14 необесштетени семејства на загинати бранители и уште неколку други иницијативи. 

Треба да знаете
Последни објави