Лондонското дерби од 18. коло од Премиерлигата меѓу Тотенхем и Челзи им припадна на гостите кои победија со 0:2, со што беше прекината успешната серија на Жозе Мурињо, кој неодамна го замени Покетино на клупата на „сините“.
Од друга страна, тимот предводен од „ученикот“ на Португалецот, Френк Лампард имаше дури четири порази на последните пет натпревари во Премиерлигата. На тој начин Челзи им дозволи на ривалите да фатат приклучок во битката за топ четири и ризикуваа Тотнем да се изедначи со нив на табелата, ако „Спарси“ го добија денешното дерби на Лондон. Сега Челси има 32 поени или шест повеќе во однос на Тотенхем.
Вилијан го отвори резултатот во 12. минута, Бразилецот мајсторски пласираше на подалечната статива за 0-1. Во последните мигови од првиот дел, гостите дојдоа до 0-2. Домашниот голман Газанига неспретно реагираше, ја промаши топката и го собори Алонсо. С
удијата во прв момент досуди прекршок од левиот бек на Челси, но со ВАР ја преиначи одлуката и покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Вилијан.
Мурињо на стартот од вториот дел во игра го вметна Ериксен на местото на Даер во обид да спаси нешто, но Сон доби црвен картон во 62. минута и веќе тука беше јасно дека „спарси“ ќе мора да се помират со пораз.