Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ својата кариера ќе ја продолжи во катарски Ал Духаил, каде што соиграч ќе му биде Меди Бенатија, со кого беа клупски колеги и во Јувентус.
Јуве вечерва игра во Саудиска Арабија против Лацио во италијанскиот суперкуп, а Манџукиќ е снимен во хотел Катар, каде што треба да ги мине лекарските тестови пред да потпише договор и официјално да стане член на Ал Духаил.
Јувентус ќе добие отштета од 5 милиони евра, а договорот на популарниот Манџо со неговиот нов клуб ќе биде во траење од 18 месеци. Платата ќе му биде поголема од оние седум милиони годишно кои ги заработуваше во Јувентус, клуб во кој дојде во 2015 година.