Некогашниот премиер и ктуелен кандидат за претседател од редовите на СДП, Зоран Милановиќ освоил 29, 58 отсто од гласовите во првиот круг од изборите за претседател на Хрватска, покажуваат излезните анкети на ХТВ, НОВА ТВ и РТЛ. Актуелната претседателка Колинда Грабар Китановиќ оди во вториот круг со 26,38 отсто, додека фаворитот од сенка, независниот кандидат, пејачот Мирослав Шкоро освоил 24,10 отсто.
Хрватската Државна изборна комисија (ДИП) попладнево соопшти дека продолжува трендот на добар одзив на претседателските избори во таа земја, па до 16.30 часот гласале 38,82 отсто од избирачите, односно 1.343.000. Тоа е околу 103.000 избирачи повеќе отколку пред пет години.
Седмите претседателски избори од независноста на земјата се одржуваат во Хрватска и уште 47 држави, на вкупно 6.533 гласачки места. Три милиони и 855.000 гласачи имаат право да гласаат на хрватските претседателски избори дома и во странство.