Христијан Мицкоски со секој негов настап повторно докажува дека нема став за клучните прашања.
Дома зборува едно, а надвор од државата друго се вели во реакцијата на СДСМ по однос на изнесени ставови на првиот човек на опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Не му пречи на Мицкоски неговата ВМРО ДПМНЕ да учесвува во ЕПП со уставното име на државата, Република Северна Македонија, а го кочи Законот за одбрана поради тоа.
Портпалот на Груевски од белиот дворец, Мицкоски, работи протв граѓаните и државата.
Со тоа што го загрозувањето на Преспанскиот договор Мицкоски ризикува нова блокада и вето од Грција за евро-атлантските интеграции на Северна Македонија.
Граѓаните знаат дека обновата што им ја нуди ВМРО-ДПМНЕ е обнова на режимот, одржуван со уцени и заплашувања, корупција и богатење на неколкумина на сметка на граѓаните, како и заробена и изолирана држава, скарана со соседите.
Затоа, Мицкоски нека се спреми за нов пораз на 12 април.