Времето во земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во попладневните часови. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 25л/м2) и поројни во форма на невреме. Ќе дува умерен, а на повеќе места засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10 степени, а дневната температура од седум до 17 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во попладневните часови.
Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура до 12 степени.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален дожд, а на планините снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.