Млад фармер можеби и не звучи посебно, но мојата мотивација е навистина голема, бидејќи млади поединци можат да бидат пример, а најважно од се е да се чуе гласот на младиот земјоделец, истакна Марио Петров, млад фармер од Свети Николе на трибината „Агенда Млади 20-24″ во организација на СДСМ.
Претходно, додаде Петров тоа беше невозможна мисија, но сега владата и министерството се меѓу земјоделците и се интересираат за нивните проблеми, го слушаат нивниот глас и заеднички се наоѓаат решенија.
Петров се занимава со земјоделство, бидејќи тоа е семејна традиција, а сега со модернизацијата на земјоделството олеснет е процесот на работата.
Младиот фармер Петров им упати порака на младите дека никогаш не треба да се откажат и додаде дека ќе аплицира за мерката Млад земјоделец, за да му се олесни работата.
Линк до видео (yt): https://youtu.be/mpsUxH7SM3Y