Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Наумоски, го остварува ветеното пред граѓаните. Ѓорче Петров го осветлуваме со најмодерно и економично лед осветлување.
За само една недела, веќе се поставени над 420 светилки а во меѓувреме екипите непрестано работат на терен за да се постави целосното осветлување, Борјана Митровска, портпарол на ОО СДСМ Ѓорче Петров.
Ветивме дека за 6 месеци Ѓорче Петров ќе добие нов лик со модерно осветлување, но со динамиката со која се изведуваат работите очекуваме овој проект да заврши многу побрзо.
Освен што ќе ја подобри видливоста, новото осветлување со економичноста, значително ќе ги намали и трошоците.
Покажуваме дека сме на правиот пат. Покажуваме дека знаеме одговорно да се однесуваме со парите на граѓаните и наместо за споменици и палми да ги насочиме кон подобрување на животот за сите.
Продолжуваме одговорно. Ѓорче Петров станува модерна, развојна општина, а не запоставена и уништена, каква што ја остави ВМРО ДПМНЕ.