Отстранети се сите слики од поранешниот лидер на партијата Никола Груевски во ходникот на седиштето на ВМРО ДПМНЕ, кои со години сведочеа за неговите активности и меѓународни средби, објави Телма.
Ваквиот потег опозициската партија го оправдува со потребата од нови илустации за нови лица.
-Планираме нова содржина на илустрации на проектите кои ќе ги работи идната Влада преводена од ВМРО ДПМНЕ, се со цел да можат новинарите од блиску да се запознаат со истите, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Дека ВМРО ДПМНЕ сака да дистанцира голем број поранешни функционери и актуелни пратеници говори и фактот што на пратеничките листи ќе стават нови неафирмирани кадри. Очекуваат да добијат 61 пратеник и да формирата Влада.