Го слушаме гласот на младите, нивните потреби и барања и соработуваме со нив. Наше е да испорачаме резултат за идните генерации да имаат сигурна иднина. Ветивме соработка со младите и покажуваме што значи тоа, за само 2 и пол години. Покрај враќањето на демократијата и слободата за младите инвестираме во повисоки плати и подобри услови за работа. Примери имаме секаде, во здравството поради мерките на СДСМ денес и специјализантите добиваат финансиски надоместок, во земјоделието, со мерките за младите земјоделци, потенцираше Царовска.
Како една од клучните промени Царовски ги истакна враќањето на слободата и демократијата, како темелна вредност за развој на земјата и просперитет на младите луѓе.
Огромно задоволство ми е што можам да истакнам дека ја вративме слободата во државата, денеска младите се ослободени. Младите луѓе не мора повеќе да шепкаат, нивниот глас се слуша, гласни се. Учениците сега се заштитени, нешто што пред 4,5 години беше незамисливо, кога младите беа под силен притисок. Последните примери ја покажуваат разликата, додаде Царовска.
Без млади немаме каде да одиме, остануваме отворени како и до сега да ги слушаме младите, да соработуваме со нив и нашата држава заеднички да ја изградиме како место на добросостојба на сите, заклучи Царовска.
Линк до видео (yt): https://youtu.be/mpsUxH7SM3Y