Царовска: Над 18.000 лица се вклучија во Гаранцијата за млади, го надминавме и европскиот просек на реализација 



За прв пат воведовме Гаранција за млади и за кратко време не само што го постигнавме европскиот просек на реализација туку и го надминавме, порача денеска на трибината „Агенда Млади 20-24″ потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска.
– Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 млади лица. Реализацијата е многу добра, 35% од овие млади се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто, посочи Царовска.
Потпретседателката Царовска истакна дека оваа мерка е успешна, затоа што со неа се враќа довербата на младите кон институциите, младите се охрабрени и се повеќе се вклучуваат а СДСМ продолжува да работи со младите во креирањето на нови мерки и политики.

Линк до видео (yt): https://youtu.be/mpsUxH7SM3Y

Треба да знаете
Последни објави