Привремениот тренер на Арсенал, Фредрик Љунгберг, после вчерашното реми на „топчиите” против Евертон, даде изјава дека Месут Озил не би играл кај него дури и да не беше повреден.
Турскиот Германец го повреди стапалото минатиот викенд во дебаклот на Арсенал од Манчестер сити, и притоа кога излегуваше од игра, доби жестоки свирежи од домашната публика во Лондон, а тој ги фрли ракавиците и ги шутна кон клупата за резервни играчи, и одвај му пружи рака на тренерот при излегувањето.
Швеѓанецот Љунгберг порача оти секако не би го ставил Озил во игра, без разлика на повредата.
„Месут има проблем со стапалото. Тој секако не би бил во конкуренција за денеска, после она што се случи на претходниот меч” – изјави Љунгберг кој своето место му го препушти на Микел Артета.