ВМРО-ДПМНЕ со години не го исплаќаше законското усогласување, а денес е против раст на пезниите од 700 денари за над 320.000 пензионери

Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ


ВМРО-ДПМНЕ е лицемерно и глуми лажна загриженост за пензионерите. Опозициската партија се етаблира како најголем кочничар на државата.

Додека лажно ветуваат како ќе ги зголемувале пензиите, во реалноста ВМРО-ДПМНЕ се против раст на пензиите. Со упорното незакажување на седница на Комисијата за труд и социјална политика во Собранието, со која раководи Владимир Ѓорчев, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш пред целата јавност потврдуваат дека се против повисока пензија за 700 денари за секој пензионер во државата.

Со таквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ го кочи зголемувањето на пензиите на 320.000 пензионери од идниот месец.

Со предложените законски измени кои што ги кочат Мицкоски, Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ во 2020 година просечната пензија ќе изнесува околу 15.500 денари, или од доаѓањето на СДСМ на власт до почетокот на идната година просечната пензија ќе порасне за вкупно 1.746 денари.

Со оваа законска измена Владата предводена од СДСМ предвиде покачување од 700 денари за секој пензионер и дополнително усогласување од околу 200 денари, што значи дека пензиите до крајот на 2020 година ќе пораснат за околу 900 денари.

ВМРО-ДПМНЕ со години не го исплаќаше законското усогласување за кое денеска зборува, а наместо тоа пензиите ги корегираше надвор од закон, ад хок и поплистички за да манипулира со пензионерите,

Денес, СДСМ вистински се грижи за сите граѓани, а особено за пензионерите.

Никој повеќе не верува во лагите на опозицијата и затоа Мицкоски ќе доживее убедлив пораз на 12 април.

 

Треба да знаете
Последни објави