Втор јавен повик за технолошки развој објави Фондот за иновации и технолошки развој. Вкупниот буџет за повикот изнесува шест милиони евра.
Со овој повик Владата обезбедува до 30 отсто во максимален износ од 10 милиони денари, а останатите 70 отсто се влог на компаниите.
Во периодот на аплицирање за домашните компании ФИТР ќе обезбеди користење на бесплатна советодавна поддршка и техничка помош.
Дополнително, со цел информирање за деталите од повикот, условите и можностите за аплицирање, ќе бидат реализирани и повеќе информативни сесии во соработка со стопанските комори и други организации.
Рокот за аплицирање на јавниот повик по редовна постапка е 5 февруари следната година до 23:59 часот, се наведува во соопштението на ФИТР и се додава дека рокот за аплицирање на јавниот повик по скратена постапка е 27 декември до 23:59 часот.