Баерн Минхен објави дека му била направена најавената операција на препоните на полскиот фудбалер Роберт Левандовски и хируршкиот зафат минал без никакви проблеми. Најдобриот стрелец во германското првенство ќе треба да одмори неколку дена пред да им се врати на обврските и според најавите не би требало да пропушти ниту еден натпревар на Баварците.
Левандовски има дадено 19 гола во 17 кола во Бундеслигата, а вчера против Волфсбург не постигна гол, но Баерн победи со 2:0, и остана на четири бода минус во однос на лидерот Лајпциг.