За помалку од два месеци ќе биде готова втората патарина на делницата Демир Капија-Смоквица, чија изградба привршува, најави директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов. Тој исто така најави дека ќе се отворат и други нови патарини по должината на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци-Штип.
Моментално на делницата Демир Капија-Смоквица има само една патарина воведена од август оваа година, а таа чини 100 денари. Новата патарина се очекува да се движи меѓу 60 и 80 денари.
Со сегашните патарини, трошокот за граѓаните кои возат од Скопје до Гевгелија изнесува 280 денари.