Најмалку петмина загинати во пожар во апартмански комплекс во Лас Вегас

Најмалку пет лица загинаа, а 13 се повредени во пожар во апартмански комплекс во центарот на Лас Вегас, соопштија властите.

Според противпожарната служба, петмина од повредените се во критична состојба.

Како што пишува „Дејли мејл”, некои станари скокале од трикатницата за да се спасат од пожарот, но притоа се повредени.

Пожарот избувна во просториите на првиот кат од апартманскиот мотел, а причината се уште се утврдува.

Весникот наведува дека нема повредени меѓу пожарникарите.

Треба да знаете
Последни објави