Вчера во во СВР Битола бил приведен Т.Е.(30) од с.Обршани, прилепско, поради лажна пријава на бомба.
Според пријавеното, тој во 14:17 часот од непознат број, телефонски пријавил бомба во Клиничка болница Битола, по што полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за лажна пријава, а по преземени мерки утврден бил идентитетот на лицето кое се јавило.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.