Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во придружба на годинашниот кум на прославата за Бадник, Антони Пешев и здравичарот Климе Коробар, денеска традиционално собираа бадникови гранчиња во месноста Говрлевска Краста, на јужната старана на Водно.
Оваа манифестација се одржува по 28. пат и истата е во организација на граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.