Полицијата во Тексас трага по маж кој пукал во бербер, што му направил лоша фризура на неговиот 13-годишен син.
Полицијата во саботата реагирала на дојава за пукање во берберница во град во Тексас, каде клиент наводно пукал во бербер и избегал од местото на настанот, пренесе Си-ен-ен.
Инспекторот Валас Вајат изјави дека пукањето се случило по расправија поради лошата фризура на малолетниот син на осомничениот.
„Прво си заминале дома од берберницата, а потоа се вратиле. Берберот се обидел бесплатно да ја коригира фризурата на момчето и тогаш избувнала расправија“, објаснил Вајат.
„Ова е една од најлошите расправии за кој сум слушнал. Особено затоа што целиот настан се одвивал пред очите на детето“, додал тој.
Се очекува дека берберот ќе го преживее нападот, а тој во моментов е во болница и во стабилна состојба.
Кабинетот на шерифот соопшти дека осомничениот е Афроамериканец кој управува со сива „хонда“.