Анчелоти ќе го викне Ибра да дојде во Ливерпул

Трофејниот италјански фудбалски стручњак Карло Анчелоти кој неодмана доби отказ од Наполи, веднаш си пронајде нов ангажман во англискиот премиерлигаш Евертон од Ливерпул, каде денеска ја имаше официјалната промоција на новото „жешко“ столче. Пред новинарите на Островот, Анчелоти зборуваше за очекувањата со тимот на Евертон за бекство од опасната зона, но и одговри на парашањето дали ќе го донесе искусниот Златан Ибрахимовиќ во неговит тим.

– Тој ми е добар пријател. Знам дека заврши со обврските во САД, но не знам која е неговата идеја за продолжувањена кариерата. Мора да го побарам и да го прашам што планира. Ако сака да дојде во Ливерпул за да ужива, може да дојде, но не за да игра фудбал, одговори Анчелоти.

Треба да знаете
Последни објави