Атлетико Мадрид се договорил со Кавани, останува уште да се спогодат со ПСЖ

Уругвајскиот фудбалски интернационалец Единсон Кавани од редовите на францускиот првак  Пари Сен Жермен, се договорил со Атлетико Мадрид, пренесува Скај. Гол-мајсторот ги договорил личните услови за овој трансфер и се согласи да потпише тригодишен договор. На крајот од сезоната Јужноамериканецот ќе биде слободен играч, но доколку тимот од Мадрид сака да го има Кавани на располагање уште во зимскиот преоден рок треба да се спогодат со ПСЖ.

Кавани кој има постигнато во својата кариера вкупно 387 гола на 661 средби на клупско и репрезентативно ниво, не е во преден план кај тренерот на „светците“ Томас Тухел, откако во Париз  пристигна Мауро Икарди.

Искусниот Кавани (32 г.) на „Ванда Метрополитано“ ќе пристигне да ја подобри ефикасноста на тимот на Атлетико кој од почетокот на сезонава има постигнато само 20 гола на 18 натпревари во шпанската Примера.

Треба да знаете
Последни објави