СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.С.(61) од Кочани, поранешна вработена во банка во Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
На 15.11.2016, во својство на благајник во банката, без знаење и присуство на одговорните лица во правно лице од Штип, како и физичко лице од Кочани, извршила седум незаконски трансакции во вкупен износ од 12.100.000 денари, на штета на физичко лице од Штип.