Боки 13 пак кај Рускоска за Меѓународниот сојуз

Бојан Јовановски- Боки 13, денеска повторно дава исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „Меѓународен Сојуз”.

Јовановски беше спроведен од Истражниот затвор во Штука кај обвинителката Вилма Русковска и во петокот кога во обвинителството се задржа осум часа.

За овој случај се осомничени и Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, Кристина Блажевска, како и Фросина Ременски.

Сите четворица претходно дадоа искази кај Рускоска. Ременски рече дека станува збор за параполициска местенка и дека е сигурна оти постапката против неа ќе биде запрена. Мандиќ, пак, рече дека била доведена во заблуда.

Истрагата за “Меѓународен сојуз” се однесува за измама и перење на пари.

Треба да знаете
Последни објави