Мараја Кери во црно-бела комбинација на Божиќен шопинг во Аспен

Таа е официјално е во свој елемент со Божиќ само неколку дена откако нејзината иконска празнична песна  All I want for Christmas is You се слуша на секоја радио станица.

Но, петкратната добитничка  на Греми се подготвува за празниците исто како и сите ние.

Таа во неделата беше забележана во црно-бела зимска комбинација додека беше излезена на божиќен шопинг во Аспен заедно со партнерот Брајан Танака.

49-годишната пејачка пробува да се справи со студот во Колорадо со дебела црна пуфкаста јакна, а под неа црно-бел кариран фустан со должина до глуждот.

Изгледот го комплетира со очила за сонце во форма на мачји очи.

Прошетката со нејзиниот дечко доаѓа на само неколку дена по новиот музички спот за нејзиниот класичен празничен хит All I Want for Christmas Is You (Сè што сакам за Божиќ си ти) 25 години по оригиналната верзија. Ова видео е насловено Make My Wish Come True Edition (Нека се исполни мојата желба).

Во него Кери е облечена во црвен костим на Дедо Мраз пред излог на продавница украсен со ореви, снешковци и мечиња.

Треба да знаете
Последни објави