Мексиканскиот амбасадор во Аргентина даде оставка откако беше обвинет за кражба, објави Би-би-си. Но, како причина за својата оставка, 77-годишниот Рикардо Валеро наведе здравствени проблеми, а мексиканскиот министер за надворешни работи, Марчело Ебрард, рекол дека оди на операција.
Валеро бил фатен од надзорните камери на една трговска куќа во Буенос Ариес како зема книга и дека не плаќа за неа. Зел книга и ја ставил под весници и се обидел да излезе од продавницата.
Книгата која се обидел да ја украде е биографија од Џакомо Казанова, која чини десет долари.
Тој се повикал на дипломатскиот имунитет по што случајот е спречен и не е обвинет. Откако се појави снимката во медиумите, мексиканскиот министер го повлече амбасадорот од функцијата.