Двете екипи од Лос Анџелес доживеаја порази на натпреварите од кошаркарската НБА лига одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник.
Деневер го совлада ЛА Лејкерс и нанижа шеста последователна победа, а на домаќинот му го нанесе третиот пораз во низа. Прв натпревар оваа сезона за домаќините не играше Леброн Џејмс, а тоа гостите умешно го искористија. Клиперс по слабото второ полувреме беше поразен од Оклахома.
Резултати:
Бостон – Шарлот 119:93
Милвоки – Индијана 117:89
Оклахома – ЛА клиперс 118:112
ЛА лејкерс – Денвер 104:128.
Со 27 победи и четири порази најдобар тим во досегашниот дел од првенството е Милвоки, следува Лејкерс со 24-6, Бостон има 20-7, Торонто и Мајами се со биланс 21-8, Деневер има 20-8.