Путин го отвори за сообраќај железничкиот мост преку Кримскиот мост

Рускиот претседател Владимир Путин денес го отвори за сообраќај железничкиот мост меѓу Русија и Крим долг 19 километри и најдолг во Европа.

Тој и други официјални лица беа на првиот воз кој го премина мостот.

Проектот за железничкиoт мост чинеше 3,6 милијарди долари, а рускиот претседател најави нови големи инфраструктурни проекти како овој.

Истовремено, од Санкт Петербург за Севастопол тргна првиот патнички воз, а возењето ќе трае повеќе од 43 часа, пренесе агенцијата „Тасс“.

Патниот сообраќај на паралелниот мост над Керчката теснина меѓу Црното и Азовското Море беше пуштен во мај 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави