Смртна казна за убијците на новинарот Кашоги

Саудиска Арабија осуди на смртна казна пет лица во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги.

Осудени се вкупно 11 лица, а тројца од нив на затворска казна од 24 години, пренесе српски „Телеграф“.

Истакнатиот новинар и колумнист на „Вашингтон пост“ беше убиен по влегувањето во саудискиот конзулат во Истанбул во 2018 година.

На почетокот Саудијците тврдеа дека Кашоги излегол од конзулатот и дека тој бил убиен во борба со непријателски саудиски агенти, но на крајот саудискиот државен обвинител призна дека убиството на Кашоги било испланирано.

Кашоги, кој често го критикувал саудискиот принц, живеел во САД токму зошто стравувал за својот живот во Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија тврди дека принцот Мохамед бин Салман и кралот Салман не знаеле ништо за планираното убиство на Кашоги.

Меѓутоа, американски официјални претставници тврдат дека таква мисија, вклучувајќи и 15 саудиски агенти кои од Ријад заминале во Истанбул непосредно пред убиството, не можела да биде извршена без дозвола на принцот Бин Салман.

Треба да знаете
Последни објави