Соработката со Турција оценета како исклучително успешна

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Турција во земјава, Хасан Мехмет Секизќок.

Во таа прилика, беше изразено заемно задоволство од одличните билатерални односи и исклучително успешната соработка меѓу двете земји во духот на нивното традиционално пријателство и партнерство. Оценето беше дека меѓусебната соработка се реализира во повеќе области од заемен интерес, при што посебни резултати се остваруваат во економската и трговска размена, туризмот, образованието, културата и одбраната.

Посакувајќи му успешна дипломатска мисија на амбасадорот Секизќок во Република Северна Македонија, министерот Димитров изрази подготвеност за активна и отворена соработка во насока на реализација на заедничките цели и натамошно збогатување на врските и пријателството меѓу двете земји.

Треба да знаете
Последни објави