Трајковски бил претепан поради кавга за куче

Поранешниот градоначалник на општината Гази Баба, Тони Трајковски бил претепан поради кавга за куче, објави ТВ24 . 

Трајковски завршил во болница па поради тоа се одложи судењето за ТНТ.

Според ТВ24, Трајковски синоќа додека пешачел во близина на „Ремедика“, во скопкса Железара сретнал две лица кои шетале расно куче, но без маска и им кажал дека се плаши од него. Тие прво започнале расправија со него, па го нападнале. Тој случајот го пријавил во МВР околу 23.35 часот и кажал дека напаѓачите не ги познава.

Судењето ќе продолжи утре во 9 часот, а судијата Огнен Ставрев нареди Трајковски да биде спроведен со полиција.

Адвокатот Јовица Страшевски посочи дека Трајковски покрај дополнителните прегледи, треба да прими и вакцина тетанус, бидејќи бил нападнат со метален предмет. Според него, Трајковски не е во ред да биде приведен затоа што неговата реална здравствена состојба е многу лоша.

-Тој има тешки повреди на телото, како што може да се види од фотографиите објавени во медиумите. Не може да зборува, има повреда од тврд предмет и треба да прима тетанус. Докторите му препорачуваат седум дена мирување, рече Страшевски.

Треба да знаете
Последни објави