Оваа влада е многу ефикасна при зголемување на обврските на граѓаните и зголемувањето на цените за нив, но истата е многу неефикасна и несовесна при исполнувањето на ветувањата што низ годините самите ги дале пред граѓаните, вели во соопштението Алијансата на Албанците.
Алијансата за Албанците го поддржува штрајкот на трговците на зелениот пазар, а исто така го повикуваме Скопски Пазар да ги запре штетните мерки за овие трговци кои решиле чесно да си заработат.
Наместо да ги зголемите цените за изнајмување, подобро завршете го проектот што го ветивте уште од 2012 година!
Изборната програма на ДУИ за 2013 година предвидуваше целосна реконструкција на Бит-Пазар како многу важен капитален проект. Од тогаш па до сега трговците стотици пати се изманипулирани со датумите за спроведување на проектот.
Сега сме во 2019 година а проектот ветен повеќе од 7 години се уште не ни блиску до реализација. Се чини дека на ДУИ во изборната програма за април ќе му треба овој проект како уште една ветувачка алатка за добивање гласови.
Алијансата за Албанците остро реагира на овој пораст на цените, како и на притисокот и одбивањето да им дозволат на трговците да ја изразат својата волја преку демократска форма како што е штрајкот. Влијанието на претпријатието Скопски Пазар е кршење на човековите права.
Потсетуваме дека, ова претпријатие е одговорно за реконструкција на објектот Бит-Пазар и не треба да им помага на политичките партии да ја искористат оваа можност за нивна корист.