Анџелина Џоли се чини дека е професионалец во целата ситуација со заедничко родителство со поранешниот сопруг Бред Пит.
Актерката наводно успеала да договори таа и Бред да останат во градот за време на празниците за да можат и двајцата да го поминат Божиќ со своите деца.
Таа беше забележана на улиците на Лос Анџелес на божиќно пазарување во последен миг, а со неа беа ќерките Захара и Шилох.
44-годишната Џоли изгледа сосема едноставно во тенка црна јакна над бела блуза и црна сукња, соодветно за зимата во Лос Анџелес.
Таа го комплетираше изгледот со очила авијатор со златни рамки, златни обетки и часовник што одговара.
Џоли помина покрај трговскиот центар The Grove so Захара (14) и Шилох (13) кои уживаа во топлите напивки откако излегоа од Barnes & Noble.
The Grove e популарна дестинација за мода, шопинг и јадење во Лос Анџелес – продавници, ресторани и забава – се на едно место.