(Видео) Откако го отсекoл палецот од раката, му пришиле прст од ногата

Ајден Аткинс со секира работел на дрвена греда и забележал парче дрво како лета низ просторијата. Се покажало дека тоа бил неговиот палец, според „Дејли мејл“.

Тој бил пренесен во болница каде што лекарите побарале да му го пришијат оригиналниот прст, но неговото семејство не можело да го најде. Тие му ја исчистиле раната и му објасниле дека ако сака, може на местото на палецот што недостасува да му пришијат прст од ногата за да ја задржи функционалноста на шепата.

Аткинс со месеци размислувал за тоа. Тој се занимавал со стрелаштво и бил препаратор на животни, па решил дека повеќе би сакал да остане без прст на ногата отколку без палецот на раката.

Палецот носи дури 50% од функцијата на шепата и е неопходен во нормалното функционирање на раката.

Аткинс бил подложен на операција на Универзитетската болница во Мичиген, каде што му го зеле прстот од левото стапало за да ја реконструираат шепата. По една недела, му биле отстранети завоите од раката и ногата.

Лекарите биле задоволни што сè поминало добро, а и тој самиот бил воодушевен и им се обратил на новинарите. Неговата терапевтка Кели Неј вели дека сè поминало многу добро.

„Тој може да го свитка палецот, што ретко успева кај повеќето вакви зафати“, рекла таа.

Треба да знаете
Последни објави