Димитровски-Жоро: Мојата партиска функција е неспоива со новинарството

Во телефонски разговор за „Слободен печат“ во емисијата „Утрински брифинг“ генералниот секретар на Демократскиот сојуз, Зоран Димитровски изјави дека партијата е подготвена за учество на парламентарните избори, при што е отворена за соработка со партии кои се за борба против криминалот, системски промени за воспоставување на владеење на правото и законите да важат за сите, правна сигурност и стабилност на државата, како и за посебна платформа за обезбедување услови младите да можат да создаваат, да творат и да обезбедат пристоен живот во Македонија.

Димитровски истакна и дека неговата сегашна партиска функција е неспоива со новинарството, но и дека останува подготвен за политички анализи и дебати.

Треба да знаете
Последни објави