Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган најавува повторување на сценариото од 2015 година кога почна бегалскиот егздус на луѓето од Сирија. За најновите очекувања Ердоган ја предупредува Европа дека неговата земја Турција нема да може да го запре новиот бран на бегалци од Сирија. Ердоган денеска треба да отпатува во Москва на преговори со руските власти да биде прекинат огнот во Идлиб за да не се повтори 2015 година.
Во Турција од 2011 година има пет милиони бегалци, од кои 3,7 се од Сирија. Новиот бран на луѓе од Сирија се бегалци кои бегаат од бомбардирањата во провинцијата Идлиб, кој моментално е под контрола на џихадистите. Според извештаите, повеќе десетици илјади лица тргнале кон границата со Турција поради засилените воени удари од страна на сириските и руските воени сили од 16 декември.
-Турција не може да прими нов бран бегалци од Сирија, изјави Ердоган кој тврди дека 80 илјади жители од Идлиб се тргнати кон турската граница.
Доколку се зголеми бројот на бегалци, Турција нема намера “сама да го носи овој товар”, рече турскиот претседател.
-Негативните последици на овој притисок што го трпиме ќе бидат почувствувани во сите европски земји, почнувајќи од Грција, додаде Ердоган пред турските граѓани во Истанбул.