Пред 2,5 години ја добив честа да бидам премиер. Сметам дека многу можам да сработам за земјава и ќе потрудам да останам и да ја вршам оваа функција, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за МРТ.
Заев најави дека допрва ќе покаже што знае во економијата откако веќе се решени меѓународните проблеми, а државата е пред вратата на НАТО и ЕУ.
-Ако нашиот народ издржа на нозе и донесе храбри одлуки со кои навистина ги отвори интеграциските процеси, процеси што ги направивме заради економијата, сега е чесно тој наш народ да почувствува придобивки од тоа. Сега се покачуваат сите плати. И не само платите, туку и пензиите ги покачуваме. Веруваме дека целата таа зголемена потрошувачка моќ, ќе и помогне дополнително на економијата. Јас сум сконцентриран да работам, економијата оди напред и од -1 отсто, стугнавме до +3,2 процента во првиот квартал. Економијата оди напред и треба да работиме за подобро, истакна премиерот.
Осврнувајќи се на Преспанскиот договор, Заев изрази уверување дека реализацијата ќе се одвива паралелно од двете страни.
-Верувам дека она што со Преспанскиот договор во моментот го правиме ние како држава, а тоа е да ги отстраниме и тие се уште неимплементирани работи, како што е насловот не знам на археолошки музеј , некаде не е отсрането нешто коешто постои како обврска или слично, ќе се случува паралелно со грчката страна да ги смени таблите имаат и тие обврска од својот договор. Мене ми е драго што бизнис форумот во Солун испрати една многу благопријатна атмосфера, бизнисмените сакаат бизниси, граѓаните сакаат соработка, ние сме тука да им служиме, а и премиерот Мицотакис навистина покажа човекот неговата потреба пред се на економијата да посвети поголемо внимание гледајќи низ тоа градење наше пријателство кое не сме го имале така во минатото, рече премиерот.
Во интервјуто порача граѓаните да не заборават што правеше претходната, како што ја нарече, криминална банда и структура 11 години.
-Оваа Влада ја извлече државата од граѓанска војна која можеше да ни се случи на 27 април. Денеска немаме меѓуетнички тензии, немаме тепачки по автобуси, немаме проблеми од типот каков што имавме во претходните 11 години, ја донесовме слободата секој да може слободно да говори, да критикува, да предлага, подвелеч Заев.