Австрискиот министер за внатрешни работи Волфган Пешорн изјави дака поради засилената контрола на границата, Австрија од 2015 години до сега потрошила 300 милиони евра.
Тој ова го објави одговарајќи на пратеничко прашање, а според него парите биле потрошени за дополнителното ангжирање на војската и полицијата, односно за за полицајците државата платила 130 милиони евра, а 170 за ангажирањето на армијата во обезбедувањето на границата.
Според инфомрациите на тамошното министерство за внатрешни работи, минатата година околку 1000 мигранти се спречени илегално да влезат во Австрија.
Минатиот месец власти одлучија за шест месеци да го продолжат обезбедувањето на границите, поради стравот до нов наплив на мигранти.
Австрија која е во “Шенген” пред почетокот на мигрантската криза немаше гранична контрола. Поради приливот на мигранти владата одличи повторно да се обезбедува границата, па така секој оној кој сака да влезе во државата мора да се идентификува пред службено лице.
Камионите и комбињата дополнително се прегледуваат бидејќи во нив често се шверцуваат мигрантите.