Исламистичките екстремисти во британските затвори одржуваат шеријатски судења и ги демнат младите муслимани со надеж дека ќе ги радикализираат, пренесува „Тајмс оф Лондон“.
Поранешен затвореник во „ХМП Вудхил“ во Милтон Кејнс, изјави за весникот дека бил регрутиран од група затвореници кои ѝ ветиле верност на Исламска држава. Според неговата приказна, затворот имал свој самопрогласен „емир“, кој претседавал со импровизиран шеријатски суд во затворот.
Поранешниот осуденик рече дека учествувал во „судењето“ на двајца затвореници кои наводно го навредиле исламот со пиење алкохол. Затворениците биле прогласени за виновни и добиле ќотек како казна.
Групата, наводно, имала пристап до снимките на високиот член на Ал-Каеда, Анвар ал-Авлаки. Многу членови на екстремистичката секта се насилни престапници кои преминале во ислам додека биле во затвор. Поранешен екстремистичката вели дека откако излегол од затвор, добил пораки од затвореници кои му нудат премин во Сирија.
Радикализацијата во британските затвори се најде под лупа по нападот на Лондонскиот мост минатиот месец. Усман Кан, терористички затвореник од категорија А, пуштен на условна слобода, уби две лица пред да биде убиен од полицијата.
Реформите за справување со ширењето на екстремизмот во казнено-поправниот систем во Британија се необјасниво забавени, изјави за „Тајмс“ Ричард Волтон, поранешен шеф на Антитерористичката команда во Скотланд Јард.