И второлигашот Брегалница се пријави за лиценца со која ќе може да игра на евро-сцената

Покрај десетте фудбалски прволигаш и второлигашот Брегалница од Штип се пријави за добивање лиценца која е задолжителна доколку екипата избори настап на евро-сцената. Штипјани е учесници во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија и се надеваат дека преку ова натпреварување како победници ќе можат да изборат и настап во квалификациите од Лига Европа.  Оваа сезона рекордни 11 клубови се пријавија за добивање на УЕФА клупска лиценца за настап во едно од двете европски натпреварувања. Пријавените клубови во тек на периодот до 05 мај 2020, а согласно ФФМ Правилникот за лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања, ќе го поминат процесот на лиценцирање за утврдување на исполнетост на критериуми врз основа на кој Комисијата за лиценцирање на ФФМ ќе донесе одлуки кои од клубовите ќе добијат УЕФА Лиценца.

Одделението за лиценцирање на Фудбалската федерација на Македонија во тек на месец декември 2019 испрати покани до клубовите во Прва и Втора МФЛ за доставување на пријави за лиценцирање за натпреварувачка сезона 2020/21. На овие покани пријави за добивање евро-лиценца која би им овозможила настап во натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2020/21 побараа: Академија Пандев – Струмица, Борец 1919 – Велес, Брегалница 2008 – Штип, Вардар – Скопје, Македонија 1932 ЃП – Скопје, Работнички – Скопје, ФК Ренова – с.Џепчиште, Силекс – Кратово, Струга ТримЛим – Струга, Шкендија – Тетово и Шкупи 1927 – Скопје.

Треба да знаете
Последни објави