И покрај санкциите, Германија издаде дозвола за „Северен тек 2“ во своите води

Секретаријатот за пловидба и хидрогеографија на Германија го одобри барањето на компанијата „Норд стрим 2“ за поставување на гасоводот во германските територијални води во зимскиот период, пренесува „Спутник“.

„Федералната служба за бродоградба и хидроградба на Германија ја одобри изградбата на цевководот за завршување на „Северен тек 2“ на делот од 16,5 км во зимските месеци“, се наведува во документот.

Од ресорот истакнуваат дека барањето го испратила компанијата „Норд стрим 2“ уште на 23 септември.

Американското Министерство за финансии соопшти на 21 декември дека воведува санкции против гасоводите „Северен тек 2“ и „Турски тек“. САД побараа од компаниите што ги градат цевководите итно да ја прекинат работата.

Компанијата „Олсиз“, која се занимава со поставување на гасоводот, веќе ги прекина работите. Но, германскиот концерн „Унипер“, партнер на „Газпром“ во изградбата на „Северен тек 2“, изрази увереност дека ќе се најде начин гасоводот набргу да биде завршен.

„Тоа би било важно за Европа зашто цевководот ќе ги зајакне безбедноста на испораката на гас и конкуренцијата на нашите пазари за доброто на потрошувачите“, рече портпаролот на компанијата, Георг Оперман.

Треба да знаете
Последни објави