Коце Трајановски за претепувањето на Трајковски: Силеџиите чекаа тој да остане сам

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски објави статус на Фејсбук по повод претепувањето на неговиот партиски колега и екс градоначалник на Гази Баба, Тони Трајовски.

-Синоќа се случи брутално претепување на мојот пријател Тони Трајковски. Бидејки се споменува моето име сакам да ве информирам за одредени детали кои во јавноста најверојатно ненамерно добија лош призвук. Синоќа заедно со Тони околу половина час се шетавме по патеката покрај парк шумата Гази Баба. Патеката е на стотина метри пред зградата кај што живее Тони. Веројатно насилниците чекале тој да остане сам. Нападот се случил по нашето разделување. Крајно кукавички е во мрак да нападнеш и да избегаш. Полицијата мора веднаш да ги пронајде насилниците и да ги изведе пред лицето на правдата.

https://www.facebook.com/koce.trajanovski/posts/2665667450148194

Треба да знаете
Последни објави