Пилотот Ферари, Шарл Леклер го коментираше потпишувањето на новиот договор со тимот. Договорот ќе важи до 2024 година.
– Среќен сум што останав во Ферари. Минатата сезона, кога возев за еден од најдобрите тимови во Формула 1, за мене беше година на соништата. Со нетрпение го очекувам фактот дека по напната и возбудлива 2019 година, нашите односи со тимот ќе станат уште посилни. Со нетрпение ја чекам за следната сезона, изјави Леклер.
Детали за трансакцијата не се наведени. Според „Ла Газета дело спорт” платата на Леклер ќе биде околу девет милиони евра по сезона, или трипати повеќе одтоа што го добиваше до сега.
Во сезоната која заврши, Леклаер беше четврти во Генералниот пласман, едно место пред клупскиот колега Себастијан Фетел.