Напаѓачот на Париз-Сен Жермен, Килијан Мбапе е избран за најдобар фудбалер на Франција за 2019 година, во анкетата на „Франс фудбал”.
Мбапе, кој наполни 21 година пред три дена, ја освои наградата за втора последователна сезона.
– Луѓето мислат дека сум променет, но не е така. Како порано, јас се обидувам да дадам максимум за мојот тим. Можеби почнав да преземам поголема одговорност во играта – нешто што не се осмелив да го направам, кога имав 17-18 години, но тогаш се немав докажано. Сега можам да ризикувам повеќе бидејќи веќе имам сериозно искуство зад грбот, рече Мбапе, кој му помогна на Пари Сен Жермен да ја освои титулата и францускиот Супер куп.