Николовски: ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе правда, затоа што таа партија носеше неправда, а денес блокира закони важни за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе правда затоа што таму се уште седат луѓе кои се обвинети за криминал, порача генералниот секретар Љупчо Николовски на дебатната емисја „Топ тема”.

-Правда не можат да донесат оние ккои што носеа неправда, оние што се борат за одбрана на криминал, оние кои ги опструираат законите во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ и пратениците кои седат во палата на најбогатата партија во Европа, свесно ги опструираат процесите на носење закони. Го опструираат Законот за Јавно обвинителство, го кочат и Законот за јавнообвинителска служба, го блокираат и Законот за одбрана кој е услов за заокружување на формалното членство во НАТО и со тоа работат против овој интерес на многу генерации. Паертија со такво однесување не може да донесе правда, заклучи Николовски.

Според него, ВМРО ДПМНЕ 2,5 години единствено нешто што го прави ја блокира државата, сака да не врати назад, да не извади од НАТО и да не оддалечи од ЕУ.

-Тоа е  страшно и  според мене како млад човек, како млад политичар после историските успеси коишто ги имаме и постигнувањето на договорот од Преспа за што добиваме признание од сите и  коешто е завршена работа, да го слушаме денес  лидерот на опозицијата да повикува доколку добие шанса ќе биде прв којшто ќе го врати, ќе го поништо договорот. А тоа значи дека ќе не исклучи од НАТО, тоа значи дека не е за европските интеграции, тоа значи дека не сака државата да биде интегрирана во европските структури. Впрочем тоа е континуирана деструктивна политика на ВМРО ДПМНЕ во еден многу долг временски период, истакна Николовски.

Тој посочи дека нашата држава нема друга алтернатива и друга подобра понуда, нејзината иднина се НАТО и ЕУ.

-Истиот тој лидер на опозиција едно зборува надвор, а друго дома. Истовремено им смета договорот од Преспа ,а не им смета да земаат плата од нашата држава под името Северна Македонија, не им смета во ЕПП да бидат под уставното име, тие се без став и без концепт, посочи Николовски.

 

Треба да знаете
Последни објави